ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицијата брутално нападна татко пред очите на мало дете

Полицијата во чешкиот град Ухерско Храдиште собори човек на земја пред мало дете, бидејќи тој не носел маска, објавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил во средата додека човекот шетал со детето кога полицајците скокнале врз него бидејќи не ги почитувал мерките и решиле да го приведат.

На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како човекот лежи соборен на тротоарот додека еден од полицајците го дави а другиот му ја витка раката пред очите на малото дете кое неутешно плаче.

Тоа, во еден момент, во очаен обид да му помогне на својот татко плачејки на сиот глас бара помош од вработените во блискиот ресторан.

Полицијата потврди дека имало инцидент и објави дека двајца полицајци биле суспендирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот