Возач на мотор тешко повреден во Дебар

Полиција

„Во нашата болница беше донесено лицето Т.К.(42) од Дебар со повреди на главата, десното рамо и скршеница на десната потколеница, но во свесна состојба. Дадена му е прва медицинска помош и е имобилизиран по што со придружба на лекар и медицински техничар е транспортиран во Болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид“, изјави за МИА д-р Исмаилаки Клења, ортопед во Дебарската општа болница со проширена дејност.

Несреќата се случила на улица „Вељко Влаховиќ“ во близина на станицата за технички преглед, односно на патот кој води за Струга.

Во неа учествувале мотоцикл управуван од Т.К. и патничко моторно возило. На местото на несреќата во моментов се врши увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот