Вонредна состојба во Лондон, вирусот е вон контрола, во болниците се помалку слободни кревети

Само црвените автобуси, се движат низ улиците на метрополата/ Фото:EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави денеска дека ковид-19 во главниот град на Велика Британија е „надвор од контрола“.

-Се плашам дека овој вирус е надвор од контрола, рече Кан и додаде дека лондонските болници би можеле да останат без слободни кревети.

Кан за Би-Би-Си рече дека во одредени делови од Лондон дури секое 20. лице имало коронавирус.

Градоначалникот им порача на граѓаните на Лондон дека најдобар начин да им помогнат на здравствените служби е да останат дома, објави Гардијан.

Кан денеска прогласи вонредена состојба во Лондон, кој се бори со се поголем број на случаи на коронавирус, додека болниците се обидуваат да се изборат со се поголемиот прилив на пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот