Вокер се сретна со Курти: Се надевам дека многу брзо ќе се формира новата влада

Вокер рече дека се познава со Курти уште од времето кога тој работеше за Адем Демачи. Според него земја која нема влада, тешко може да се нарече држава.

Некогашниот шеф на верификационата мисија на ОЕБС на Косово, Вилијам Вокер, денеска се сретна со лидерот на Самоопределување, Албин Курти. После средбата тој изрази надеж дека наскоро ќе се формира новата влада во Косово.

Вокер рече дека се познава со Курти уште од времето кога тој работеше за Адем Демачи. Според него земја која нема влада, тешко може да се нарече држава.

– Земја без влада тешко може да се нарече држава. Вам ви треба влада. Очекувањата се големи, вие имате шанса со еден млад човек. Многу сум заинтересиран да видам кога ќе се случи тоа и се надевам дека тоа ќе се случи многу наскоро – рече Вокер после средбата со Курти.

Инаку, Вокер во текот на вчерашниот ден имаше средба и со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово – Иса Мустафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот