Војската во Мали тврди дека пронашла масовна гробница

Фото: МИА

Војската на Мали денеска соопшти дека пронашла масовна гробница во градот Кидал на североистокот на земјата, неколку дена откако повторно го зазеле градот од сепаратистичките сили Туарег, јави Би-Би-Си.

Војската на Мали денеска соопшти дека пронашла масовна гробница во градот Кидал на североистокот на земјата, неколку дена откако повторно го зазеле градот од сепаратистичките сили Туарег, јави Би-Би-Си.

Во соопштението на армијата се вели дека масовната гробница била откриена во четвртокот за време на операцијата за консолидирање на нивните позиции во градот.

Не се соопштуваат повеќе детали, но беше кажано дека е во тек истрага за изведба на одговорните пред лицето на правдата.

Малиската армија го врати Кидал во вторникот, откако силите на Мировната мисија на ОН во Мали (МИНУСМА) ја напуштија својата база како дел од договорот за повлекување од земјата до крајот на годината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот