Војната не смее да излезе од контрола, вели Си

Си Џинпинг / Фото: EPA-EFE/ZHANG LING

Кинескиот претседател Си Џинпинг на денешната виртуелна средба со германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека мора да се вложат сите напори судирот во Украина да не се претвори во „ситуација со која не може да се управува”.

– Мора да се вложат сите напори да се избегне интензивирање и ширење на судирот во Украина, што би можело да доведе до ситуација со која не може да се управува, истакна Си.

Тој исто така ја повика Германија да учествува во Иницијативата за глобална безбедност, промовирана од Си минатиот месец, која го поддржува принципот на „неделива безбедност”, концепт на кој се повикува Русија да го оправда својот напад врз Украина.

Кина не ја осуди руската инвазија врз Украина и повеќе пати ги критикуваше западните санкции, но не и пружи помош на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот