Војната ја добија англиските навивачи, шпанските не мрднаа ниту со прст
Поранешниот директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, го коментираше неуспехот на Суперлигата.
Неговиот клуб, Реал Мадрид беше еден од 12. Најголемите европски тимови кои во неделата го предизвикаа најголемиот хаос во историјата на фудбалот со формирањето на Суперлигата, која за помалку од 48 часа згасна и тоа во голема мера на навивачите во Англија.
Шесте англиски екипи, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотенхем, поради големиот притисок од јавноста, навивачите и англиската влада се откажаа од Суперлигата, а потоа истото го сторија и Атлетико Мадрид, Милан и Интер.
– Очигледно е дека документот кој го потпишаа екипите имал мала правна сила. Оваа војна ја добија англиските навивачи бидејќи во Шпанија никој не мрдна со прст – рече Валдано кој потоа додаде:
– Не можете да направите револуција на производ кој е толку популарен како фудбалот, а притоа да не го познавате самиот производ и не го разбирате купувачот. Само 12-годишно момче не може да поднесе резултат 0:0 подолго од 12 минути. Проектот на Суперлигата не успеа, но остава отворени прашања за промените кои мора да се случат. Големите организации би требало да разговараат со екипите за да се дојде до концензус – смета Валдано.
? “You can’t go on El Chiringuito and present yourself as the saviour of football”
Jorge Valdano has hit out at Florentino Perezhttps://t.co/zHoFS896mE pic.twitter.com/ln0bM1Aeqi
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) April 22, 2021