Војната го чини Израел 246 милиони долари дневно, вели тамошниот министер за финансии

Израел армија / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека буџетот на земјата за 2023-2024 година „повеќе не е соодветен“ поради војната во Газа и дека ќе биде променет, пренесоа британските медиуми.

Според Смотрич, дневните трошоци за војната на Израел во газа изнесуваат една милијарда шекели (246 милиони долари), не вклучувајќи ги индиректните штети поврзани со забавувањето на економската активност и деловната парализа поради мобилизацијата на стотици илјади резервисти и секојдневното гранатирање.

Истовремено, тој посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенцијата Стандард и Пурс (Standard & Poor’s) од „стабилен“ на „негативен“ нема да има значително влијание. Министерот, сепак, изјави дека тоа треба да се земе предвид и додаде дека не очекува земјата да акумулира голем дефицит поради војната.

Тој го пофали гувернерот на израелската централна банка, Амир Јарон, кој требаше да се повлече, но поради кризата го продолжи својот мандат „за колку што е потребно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот