
Воениот подем на Турција и Иран опасно ги вознемирува САД и Русија
Никој не очекуваше дека последната војна меѓу Ерменија и Азербејџан ќе предизвика тектонски потреси кај воените планери во целиот свет. Азербејџан успеа за шест недели да ја принуди Ерменија на срамен пораз претежно со употреба на турските “Бајрактар” дронови, со што Баку покажа дека технолошката надмоќ употребена на вистински начин прави огромна разлика во судир на слични опоненти, какви што беа воените капацитети на двете земји пред војната.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во последниот развој на настаните влијателниот кинески провладин весник “Саут Чајна Дејли” цитира високи изворни од кинеската народна ослободителна армија (КНОА) кои велат дека употребата на турските дронови го запалила алармот кај КНОА, бидејќи воената техника која била употребена од Ерменија во најголем дел е слична со кинеската. Но ова не е прв пат Турција успешно да ги употреби дроновите за постигнување на воени цели во последните години. Со влегувањето во сиријската провинција Идлиб воените сили на Турција парцијално се судрија и со сиријската арапска армија (САА), при што употребата на дроновите предизвика големи загуби во луѓе и техника кај сиријците и само руското посредништво успеа да ја врати рамнотежата на теренот. Турските вооружени сили успешно ги употребија дроновите и во Либија каде успеаа да ја запрат офанзивата кон Триполи на Маршалот Хафтар и да ја спасат од пораз делумно меѓународно признаената влада на национално единство. Сега со право дел од странските магазини кои се занимаваат со воена проблематија прашуваат, како Турција стана беспилотна супер сила. Успехот на турците на ова поле се должи на инвентивноста на турската воена индустрија, употребена како нужност бидејќи Анкара претходно беше изложена на санкции од САД за увоз на воена опрема поради спорот со купувањето на рускиот систем С-400. Кога канадска компанија одби да ги снабди турците со камери за дроновите кои што требаше да се прават во турција, тогаш турските инженери развија своја камера за која тврдат дека е подобра од канадската.
Во 2012 Израел се согласи да продаде десет дрона на Турција, но Анкара цели 5 години чекаше да стигнат беспилотните летала за на крајот да излезат сомневања дека Израел користи софтвер за шпионажа на турските капацитети.
Затоа Турција произведе дрон кој се покажа дека може да биде пресуден фактор во соверемените вооружени конфликти, а со неговата употреба турците директно се замешаа во сферата на интереси на Русија како на пример во Ерменија, Сирија или Либија каде русите го подржуваат Маршал Хафтар. Веројатно дека Владимир Путин ги балансира односите со Таип Ердоган поради стратегијата да се подрие НАТО алијансата преку Турција.
Со судирот во Средоземото море со Грција, Франција и Египет, Турција превзема уште една експанзионистичка акција, овој пат на морското стратешко војувалиште со што турското делување навистина наликува на регионална сила. Американскиот државен секретар при посетата на Атина кажа дека сега Грција станува столб на стабилноста на медитеранот, при што америкаците модернизираат дел од воените капацитети во Грција што укажува дека се случува прераспределба на силите и сојузите на медитеранот.
Иран продолжува да пркоси на САД
Со истекот на меѓународните санкции кон Иран годинава, официјален Техеран после долго време ќе може да набави посовремена воена техника, а судејќи според меѓународната поставеност, таа набавка сигурно ќе биде од Русија и Кина. Иранците пак беа уште повеќе хендикепирани во однос на набавката на воена техника за разлика од Турција, па затоа Иран со децении веќе употребува авиони ловци од американско производство, како Ф-5 или Ф-14 заедно со руски летала. Иранците затоа со години ја развија своената воена индустрија, и за разлика од очигледно лажните воени проекти како што беше иранскиот стелт авион „Кахер“, Иранците успеаа на релативно добар начин да ги модернизираат своите воени капацитети за да можат да се спротистават на заканите. Кога лани Иранците го урнаа американскиот дрон „Глобал хавк“ над теснецот Хормуз, тоа беше видено како силен одговор на Техеран на американските тестирања на иранската противвоздушна одбрана.
За времето на мандатот на Обама иранската морнарица го направи и она понижувачко апсење на американски морнари кои залутаа во иранска територија, и немањето на воен одговор на САД на иранските провокации укажува дека Вашингтон сериозно пристапува кон иранскиот предизвик.
Најсилен одговор на САД се случи при убиството на шефот на иранската револуционерна гарда Сулејмани, и овој потег на амдимистрацијата на Трамп се објаснува со силното мешање на Сулејмани во регионот и загрозувањето на американските вооружени сили во Иран и Сирија.
Главното оружје на Иран сепак не се вооружените капацитети туку способностите на шиитската држава да го употреби своето влијание врз шиитските групи во регионот, како што е Хазболах во Либан, Катаиб Хезболах и другите шиитски милиции во Ирак или пак Хутите во Јемен, кои нанесуваат понижувачки порази на воено надмоќната Саудиска Арабија која е директно подржана од САД за интервенцијата во Јемен. Со ваквото делување Иран станува не само голема закана за Израел туку и главен регионален ривал на Саудиска Арабија и Египет и може да се каже дека земјата со ова темпо ќе стане преголема закана и за Израел.
Воената револуција на Турција и Иран во последната декада полека го поместува тежиштето на стартешката рамнотежа на целиот Блиски исток. Освен што двете земји директно се мешаат во сферата на интереси на САД и Русија, Анкара и Техеран претендираат да станат главни регионални супер сили кои би ги диктирале идните односи. Она што е добра вест за противниците на Турција или Иран е што двете земји со различна форма на практикување на исламот поради таа разлика тешко дека можат да станат посилни сојузници, и ќе останат ривали и меѓусебно. Инаку потенцијалниот посилен сојуз меѓу двете земји би предизвикал геополитички потрес, бидејќи старите американски геополитички стратегии велат: кој ги контролира Авнагистан, Иран и Турција го контролира светот.