Водата во Дебар може да се пие

Пат Маврово - Дебар/Фото: МИА

По повеќе од десет дена забрана, водата од водоводот Росоки-Дебар може да се користи за пиење, информираа од Јавното комунално претпријатие „Стандард”, кое стопанисува со водоводот.

Додаваат дека од Центарот за јавно здравје-Охрид добиле официјален допис со кој се потврдува дека врз основа на испитуваните физичко-хемиски и микробилошки параметри водата за пиење одговара на постоечките законски прописи.

– Во Дебар водата за пиење ги исполнува условите за здравствено исправна вода за пиење според Правилникот за безбедност на водата за пиење. Таа може да се користи за пиење, одржување на лична хигиена и хигиена на раце, во производство и промет на прехранбени производи, наведуваат од претпријатието.

Забраната за користење беше воведена по заматувањето на водата, што дојде по обилните и интензивни дождови присутни на поширокото дебарско подрачје, а условија видно зголемен дотек на вода во каптажата во село Росоки.

Водата имаше промени во нејзиниот физички состав, но, не и хемиски промени, па се препорача да се филтрира или преврива пред употреба. Хлорирањето на водата беше непречено.

Од водоводот Росоки – Дебар со вода за пиење се снабдува градот Дебар, селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот а од кракот што се издвојува кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот