Водач на култ во Кенија осуден за тероризам откако била пронајдена гробница со 400 тела

Полиција Кенија / Фото EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Водач на култ во Кенија, Пол Мекензи, ќе биде суден за убиство и тероризам, јавува Би-Би-Си.

Тој бил уапсен во април минатата година, по откривањето на масовна гробница со над 400 тела, од кои многу умреле од глад. Телата на 429 луѓе, меѓу кои и деца, биле ископани во областа Шакахола, оддалечена шума околу два часа западно од Малинди. Кениските обвинители соопштија дека тој и 94 други членови на култот утре ќе одат на судење во Малинди.

Мекензи ги охрабрил членовите на неговата „црква“ да се преселат во неговата комуна, каде што „се подготвувале за крајот на светот“. Еден сведок им кажал на новинарите на Би-Би-Си дека на луѓето им биле дадени наредби во јануари минатата година да почнат да постат за да стигнат до рајот.

Самопрогласениот свештеник ја негира својата одговорност за смртните случаи и рече дека е невозможно тој да е виновен за нив, бидејќи ја затворил својата црква во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот