Водач на култ во Кенија обвинет за убиство на над 400 луѓе

Пол Мекензи / Фото EPA-EFE/STR

Водачот на кенискиот култ, Пол Мекензи и 29 негови соработници во вторникот беа обвинети за убиства на 191 дете чии тела беа пронајдени меѓу повеќе од 400 тела закопани во шума.

Сите обвинети ги негираа обвиненијата изведени пред судот во крајбрежниот град Малинди. Утврдено е дека еден осомничен е ментално неспособен за да му се суди.

Обвинителите велат дека Мекензи им наредил на своите следбеници да се изгладнуваат себеси и нивните деца до смрт за да можат да одат во рајот пред крајот на светот.

Мекензи беше уапсен минатиот април, откако телата беа откриени во шумата Шакахола, каде беа ексхумирани повеќе од 400 тела. Тој веќе е обвинет за злосторства поврзани со тероризам, убиство од небрежност и тортура.

Има различни обвиненија поднесени до различни судови во врска со убиствата.

Култот за гладување во Кенија: „Мојата сопруга и шесте деца го следеа пасторот Мекензи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот