ВО ЖИВО: Во Србија пристигна првиот контингент со вакцини на „Фајзер”

На белградскиот аеродром пристигна првиот дел од контингентот вакцини на компанијата „Фајзер”, јави допсиникот на МИА од Белград.

Во контингентот има 4.800 вакцини, а според претходните најави, тие се наменети првенствено за корисници на домови за стари лица.

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија веќе даде согласност за употреба и увоз на вакцините на „Фајзер”.

Денеска ќе се одржи првата работна седница на Националниот координативен тим за имунизација против ковид-19, на која треба да се усвои Оперативниот план за подготовка и спроведување на имунизација на населението во Србија.

Владата на Србија ги усвои општите цели на планот за имунизација со кои се предвидува активности за постигнување на овие цели, што е наведено во Акцискиот план подготвен од Институтот „Батут”.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала, Павле Зелиќ, вчера изјави дека вакцината на „Фајзер” е со ефикасност од 95 отсто, како што е наведено во нејзината документација.

Кога станува збор за руската вакцина „Спутник”, Зелиќ рече дека се направени општи, специјални и безбедносни тестови.

-Треба да ја комплетираме нашата проценка, работиме на тоа и ќе работиме интензивно, очекуваме добри резултати и во однос на таа вакцина, изјави Зелиќ.

Тој посочи дека во тек се преговори со секој што може да биде потенцијален снабдувач на вакцини за Србија.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот