Во воздушниот простор на Полска влегол неидентификуван летечки објект од правец на Украина

Полска војска тенкови
Полска војска / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Неидентификуван летечки објект денеска изутрината навлезе во воздушниот простор на Полска, членка на НАТО, од правец на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија.

„Од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот, бил следен од радари за ПВО“, соопшти Оперативната команда на социјалната платформа „Икс“.

Приватната телевизија „Република“ објави дека објектот бил баран во близина на градот Хрубиесов во јужна Полска.

„Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизира расположливите сили и средства со кои располага“, стои во соопштението

Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта против Украина, испраќајќи 158 беспилотни летала и проектили во својот најголем воздушен напад од почетокот на сеопфатната инвазија, чија цел беше критична инфраструктура, индустрија и воени објекти, соопшти украинската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот