Во велешката болница Инфективното одделение полно, расте бројот на пациенти

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

 Во велешката болница  вкупно се хоспитализирани 75 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни, три сомнителни и осум пациенти со негативен тест, но  задржани на болничко лекување.

-На кислородна поддршка се 31 пациент, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова,

Починат е пациент на 64 годишна возраст, позитивен, од Велес кој е лекуван на Инфективно одделение шест дена.

Инфективното одделение е целосно исполнето и таму се лекуваат 53 пациенти, во Модуларната болница 14 пациенти, а на Интерно одделение осум пациенти.

Инаку вчера беа хоспитализирани 73 пациенти, од кои 60 беа потврдени како позитивни на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот