Во Велес регистрирани два нови случаи на Ковид-19

Како што потенцираат од оваа јавна здравствена установа, добра вест е што досега во Велес има 10 излекувани пациенти. 

ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес информира дека  во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 на територијата на Велес, со што бројката на дијагностицирани досега се искачи на 64.

Како што потенцираат од оваа јавна здравствена установа, добра вест е што досега во Велес има 10 излекувани пациенти. Во моментов има 51 активен случај, а досега три лица починаа.

Инаку на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница денеска, исто како вчера, се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 17 со регистриран Ковид-19, а тројца ги чекаат резултатите од земен брис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот