Во Велес еден новорегистриран пациент со Ковид-19

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Исто така и вчера беше регистрирано едно лице, а откако претходно два дена немаше ниту еден ново регистриран со Ковид-19.

Според ЈЗУ Центар за јавно здравје во изминатите 24 часа во Велес е регистрирано едно лице позитивно на Ковид-19, со што бројката се искачи на 109 од кои 50 се активни.

Исто така и вчера беше регистрирано едно лице, а откако претходно два дена немаше ниту еден ново регистриран со Ковид-19.

Инаку како што информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје, новозаразениот не е поврзан со нити еден кластер досега и се води како случај „сам за себе”.

На Инфективното одделение во велешката Општа  болница синоќа околу 2 часот по полноќ почина 76 годишен пациент на кој нагло му се влошила состојбата, информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Весна Неделковска Николова. Со тоа бројката на починати во Велес се зголеми на пет.
Воедно поради влошување на состојбата двајца пациенти мажи на 38 и 57 години вчера од Инфективното одделение на велешката болница итно биле префрлени на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје.
Инаку моментално на Инфективното одделение при велешката Општа болница хоспитализирани се 24 од кои кај 22 пациенти е потврден присуството на Ковид-19,а двајца чекаат резултати од тест. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот