Во Тирана уапсена криминална банда за фалсификување на американски визи и трговија со луѓе

Апсење во Тирана за измами со американски визи/Фото: Крими полиција Албанија/Фејсбук

Одделот за криминалистичка полиција на Албанија и јавното обвинителство на Тирана, во тесна соработка со американските безбедносни служби како и во присуство на Службата за дипломатска безбедност од Амбасадата на САД во Тирана ја завршија првата фаза од операцијата „The Rogue Son“, поврзана со истрагите за кривичните дела „измама“, „фалсификување визи, печати и обрасци“ и „помагање за илегално преминување на границите“.

По овие истраги, денеска се уапсени пет лица, албански државјани, а по еден се трага, осомничен за вмешаност во измамничките шеми со барања и добивање американски визи, како и за помагање во криумчарење луѓе. На уапсените им е одреден притвор со судско решение, соопшти крим полиција на Албанија.

-Главниот осомничен Р.Н. наплатувал по 10.000 евра од различни лица, гарантирајќи дека ќе им набави американски визи за илегална имиграција во САД. Исто така, некои од осомничените користеле и доставувале лажни информации и формулари за да се квалификуваат за одредени категории американски визи, стои во соопштението од албанската полиција.

Истрагите продолжуваат за други физички и правни лица и други субјекти вклучени во овие шеми за измама со американски визи како и криумчарење на луѓе.

Албанската државна полиција рамки на акцијата „Заеднички штит“ им се заблагодари на американските партнери за нивната блиска соработка и придонес во овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот