Во Тетово казнети над 20 возачи за непропуштање пешаци на пешачки, на дел ќе им се одземат возачките

Сообраќајна полиција /фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден во период од 10 до 15 часот во Тетово, полицијата изрече 21 санкција на возачи кои не им дале предност и не ги пропуштиле пешаците.

„На 18.09.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на тетовското подрачје била спроведена акциска контрола на возачите и нивниот однос кон пешаците. При контролата, откриен и санкциониран бил 21 прекршок, односно исто толку возачи не им дале предност и не ги пропуштиле пешаците, најмногу на обележани пешачки премини“, информираат од МВР.

На сите возачи-прекршители им биле изготвени поднесоци со парична глоба која за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движи од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а за тие со изречена глоба од 250 евра, предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Покрај ова, санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот