Во Тетово хуманитарен настан „Етно вешта жена“ за собирање средства за ученици со попреченост

Хуманитарен настан Вешта жена во Тетово - Фотографија МИА

Жените членки на мултикултурната организација „Вешта жена“ од Тетово подготвија традиционални етно јадења кои се продаваа на денешниот хуманитарниот настан.

Целта на собирањето на средствата е да се организира новогодишна забава за децата со попреченост кои учат во тетовските училишта.

– Оваа година одбележуваме 20 години Етно вешта жена, а посебен повод е Денот на ослободување на градот Тетово. Вештите жени подготвија традиционални јадења, како кајмачиња, назлифатми, баклави и слично. Сето се продаваше пред гостите кои дојдоа на денешната забава со цел да соберат средства да организираме уште еден новогодишен настан за децата и ученици со попреченост – изјави Снежана Стојановска од Вешта жена.

Ваков настан се организираше и вчера во Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот