Во Стар Аеродром се воведува зонско паркирање

Фото: Општина Аеродром

Населбата Стар Аеродром наскоро ќе добие зонско паркирање по барање на граѓаните, кои со години се соочуваат со недостиг на слободни паркинг места, како и узурпација на зелени површини, пешачки патеки и тротоари од возилата, соопшти Општина Аеродром, која во изминатиот период спроведе анкета меѓу тамошните жители и над 90 проценти се изјаснија позитивно за оваа иницијатива.

Општината информира дека анкетата опфатила 18 згради кои се наоѓаат на булеварот „Јане Сандански” и улиците „23 Октомври”, „Ангел Димовски” и „Коста Новаковиќ”.

-Станува збор за густо населен и многу фреквентен дел каде што жителите долги години имаат проблем со недостиг на слободни места за своите возила. По нивно барање ќе воведеме зонско паркирање, како едно од најсоодветните решенија за овој дел од Аеродром. Зонското паркирање кое е воспоставено и во други делови од општината се покажа како успешен начин за решавање на еден од најголемите проблеми со кои граѓаните се соочуваат, рече градоначалникот Тимчо Муцунски кој денеска заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг” Бојан Христовски изврши увид на локациите каде што ќе биде воведено зонско паркирање.

Со оваа одлука на граѓаните, Општината во соработка со ЈП „Градски паркинг” ќе ги преземе сите соодветни чекори за регулирање на паркирањето во овој дел, се наведува во соопштението, со што ќе се зголеми безбедноста на возачите и пешаците.

– Истовремено, Општината спроведува анкети меѓу граѓаните и за воведување зонско паркирање и во Ново Лисиче, а наскоро ќе започне анкетирање на жителите во Реонски центар. Интензивно и многу посветено работиме на што побрзо изнаоѓање квалитетни и трајни решенија околу проблемот со паркирањето на ниво на целата територија на општината, соопшти Општина Аеродром. х

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот