Во Србија рекорден број на починати 21 и заразени 3.536

корона
Коронавирус во Србија/ Фото: ЕПА

Србија денес ги сруши сите црни рекорди, како по бројот на новозаболени и починати, така и на оние кои се на респиратори.

Исто така, Белград повторно, и денес, ги сруши сите рекорди по бројот на заразени за еден ден – дури 46 отсот се од главниот град – поточно 1.611 лица, јави дописникот на МИА од Белград

Според последните податоци, во Србија уште 3.536 лица се заразени со коронавирус, а 21 пациент починале. Во последните 24 часа тестирани се 12.514.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани вкупно 70.424 случаи на заболени од Ковид-19 и вкупно 936 смртни случаи.

Хоспитализирани се 2.959 пациенти, од кои 143 лице се ставени на респиратор.

Белград е најголем проблем веќе некое време, а се случува она за што со недели експетите предупредуваа, „прелевање” во други градови во земјата, пред се во Нови Сад, каде се регистрирани 175 нови случаи.

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека Србија не е многу далеку од катастрофална епидемиолошка состојба, а некои градови, како што е Шабац, прогласија вонредна состојба.

-Тоа е ситуација во која луѓето веќе немаат каде да се лекуваат. Ние мора да го запреме вирусот, ако не го спречиме, тогаш тој ќе не спречи нас, изјави Кон за РТС.

Болничките капацитети во Србија, особено во Белград, стануваат преполни.

Привремената болница во белградска Арена е скоро полна со пациенти. Во моментов, таму се сместени 447 пациенти, а на располагање се уште околу 50 легла.

Од вкупниот број на пациенти, 250 од нив се на кислород, а координаторот на оваа привремена болница, д-р Владо Батножиќ, изјави дека станува збор за доста сериозни пациенти со еднострана или двојна пневмонија за која е потребна сериозна клиничка терапија. Поради влошување на епидемиолошката состојба, во Шабац е воведена вонредна ситуација , што значи дека во градот нема да има манифестации и свечености, угостителските објекти ќе бидат затворени во 21 часот, а базените, бањите и велнес центрите нема да работат.

Извро.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот