Во Србија потврден првиот случај на омикронската подваријанта Ерис

EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Институтот за јавно здравје на Војводина денеска соопшти дека во рамките на рутинскиот надзор на коронавирусот, го потврдил присуството на омикронската подваријанта ЕГ.5 (наречена Ерис), пренесуваат српските медиуми.

Како што е наведено, присуството на  подваријантата EG.5 (Eris) беше идентификувано со анализа на геномот на вирусот SARS-CoV-2, користејќи го методот на секвенционирање на новата генерација, од примерок од биолошки материјал обезбеден на 30 август на оваа година, како дел од рутинскиот надзор на COVID-19 на територијата на Јужнобачката област.

Мутациите Ерис и Форникс веќе се широко распространети во Америка, Кина, Јужна Кореја, Португалија и Шпанија.

На почетокот на годинава Светската здравствена организација изјави дека подваријантата „Ерис“ не претставува значителна закана за јавното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот