Во Скопје откриени рекордни 22 пијани возачи

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Скопската полиција извести дека во изминатите 24 часа откриени се 69 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај исклучени се 22 возачи од кои двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не се придржувал на законските ограничувања.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 не биле регистрирани  и едно затоа што било техничи неисправно. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани  се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Во текот на изминатиот ден се случиле 21 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот