Во септември во Будва ќе се одржи самитот „Недела на енергетиката за Западен Балкан”

Фото: Архива на СП

Самитот „Недела на енергетиката за Западен Балкан” ќе се одржи од 6. до 8 септември на Будванската ривиера и ќе собере повеќе од 250 учесници од 30 земји.

На самитот ќе присуствуваат претставници на властите и енергетски компании од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, како и меѓународни финансиски институции, големи мултинационални инвеститори и консултантски фирми, пишува српскиот бизнис портал за чиста енергија Енергетика.рс.

„Неделата на енергетиката за Западен Балкан” ќе биде можност да започне дијалог за примена на обновливите извори на енергија во регионот и привлекување странски директни инвестиции, со акцент на соларната, ветерната и хидроенергијата, се наведува на веб-страницата на Енергетика.рс

Меѓу говорниците и гостите се министерката за рударство и енергетика на Република Србија Зорана Михајловиќ, министерот за енергетика и рударство на Република Српска Петар Ѓокиќ, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија Беким Емини, директорот на Агенцијата за инвестиции на Црна Гора Младен Гргиќ, како и регионалниот директор на ЕБРД за енергетика на Западен Балкан, Франческо Корбо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот