Во САД секоја петта трудница била понижувана од медицинскиот персонал

Една од пет трудници во САД била жртва на малтретирање и понижување од страна на медицинскиот персонал за време на бременоста или породувањето, се истакнува во најновата студија за грижата за бременоста во САД.

Меѓу најчестите пријавени злоставувања се одбивање или игнорирање да се помогне, викање и критикување, нарушување на физичката приватност, закани дека трудницата нема да добие третман или пак се принудени на третман што пациентите не го сакаат.

Студијата објавена од Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), главната федерална здравствена агенција во САД, анкетирала околу 2.400 жени за бременоста со нивното прво дете. Истражувањето покажа дека околу 30 отсто од црните жени доживеале некаков облик на медицинска злоупотреба, а потоа 19 проценти од латиноамериканските жени и 18 отсто од белите жени.

– Знаеме дека расизмот и дискриминацијата може да доведат до одложување на лекувањето, а понекогаш и до трагични смртни случаи, што можеа да се избегнат, се наведува во студијата. Резултатите од истражувањето покажуваат и дека 40 проценти од црните жени изјавиле дека претрпеле дискриминација за време на бременоста или породувањето, особено поради бојата на кожата, но и возраста или тежината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот