Во САД се зголемува бројот на починати од ковид, но тоа е поради делта сојот, а не омикрон, вели шефот на ЦДЦ

САД Ковид-19 криза/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Бројот на заболени од коронавирус во САД е зголемен за околу 33 отсто, а бројот на смртни случаи е зголемен за околу 40 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска директорката на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Рошел Валенски. Бројот веројатно расте поради делта варијантата, а не поради омикронот, пишува Ројтерс.

Се очекува врв на бројот на нови случаи

Валенски им рече на новинарите дека го очекува врвот на бројот на новозаразени од омикрон во наредните недели.

„Нивото на зголемување е во голема мера поврзано со варијантата омикрон, која сочинува околу 90 проценти од случаите на ковид-19 во земјата“, рече таа.

Бројот на хоспитализирани се зголемува во САД од крајот на декември, а во меѓувреме позаразниот и помалку смртоносниот вид омикрон стана доминантен. Неодамнешното зголемување на смртните случаи е веројатно заостанат ефект на варијантата на делта бидејќи бројот на случаи на делта значително се зголеми пред појавата на омикрон во декември, рече Валенски.

Валенски: Ќе треба време да се разбере омикронот и неговото влијание

Со делта и претходните варијанти, бројот на смртни случаи се задржа во однос на бројот на заразени со задоцнување од неколку недели.

„Можеби ќе видиме смртни случаи од омикрон, но претпоставувам дека смртните случаи што ги гледаме сега сè уште се од делтата“, рече Валенски, додавајќи дека ќе биде потребно време да се разбере омикрон и неговото влијание врз вкупната смртност од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот