Украински симбол „Ї“ и руски симбол Z/Фото Колаж на СП/ Твитер

Во окупираните делови на Украина, една буква ја отсликува украинската храброст

Украинците ја користат буквата „Ї“, која не се употребува во руската кирилица, за да покажат храброст и да ги „идентификуваат предавниците“

Украинците во руските окупирани делови на земјата, како знаци почнаа да користат нивни букви кои ги нема во руската азбука, за да покажат храброст против окупаторот, пишува „Политико“.

Во пристанишниот град Мариупол, еден од првите големи градови кој во мај „падна“ во рацете на Русија, буквата „Ї“ од украинската азбука, се појави на неколку места низ градот.

Оваа буква „стана симбол на слободата и храброста“, пишува на профилот на градската влада на Телеграм. „Жителите на Мариупол почнаа да го пишуваат овој симбол на зградите, парковите, ѕидовите, оградите…, тие сакаат да докажат дека Мариупол е Украина“.

Русите и Украинците имаат слични азбуки, со неколку промени. Така, една од разликите е токму буквата „Ї“, која се изговара „ји“, а се користи во пишувањето на многу зборови, како на пример Київ (Киев).

Еден од помошниците на поранешниот украински градоначалник на Мариупол, вели дека „овој симбол станал кошмар за окипаторот“.

Симболот се појави и во Херсон

Според украинските медиуми, буквата „Ї“ исто така била напишана и на куќите во останатите региони каде напредуваа руските сили, како во градот Херсон.

Употребата на буквата, исто така, има уште една поврзаност со војната во која Украинците се лути поради тоа што рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го негира нивното историско и културно наследство. Фокусот на буквата „Ї“, исто така, се чини дека претставува противтежа на рускиот симбол „Z“ што го користи руската војска.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот