Во Нигерија убиен племенски владетел, неговата сопруга е киднапирана

Нигерија / Фото EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Вооружени мажи застрелаа племенски владетел и ја киднапираа неговата сопруга плус уште едно лице во југозападна Нигерија, соопштија властите. Напаѓачите упаднаа во палатата на Сегун Арему – пензиониран армиски генерал и лидер чија официјална титула е Олукоро од Коро.

Не е јасно кои биле вооружените напаѓачи и дали барале откуп. Ова последно убиство и киднапирање доаѓа неколку дена откако активистите побараа вонредна состојба за да се справи со проблемот, пренесува Би-Би-Си.

Околу 50 граѓански групи сакаат претседателот Бола Тинубу да зборува на темава, велејќи дека повеќе од 1.800 луѓе биле киднапирани откако тој ја презел функцијата минатиот мај.

Осудувајќи го убиството на Олукоро од Коро во државата Квара како „непромислено, шокантно и одвратно“, гувернерот Абдул Рахман АбдулРазак вети дека властите ќе ги фатат одговорните. Полицијата соопшти дека е во тек потера.

Претходно оваа недела, киднаперите фатија пет ученици и четворица наставници во блиската држава Екити, барајќи откуп од 100 милиони наири (110.000 долари) за нивно ослободување.

Висок владин функционер беше киднапиран во средата вечерта во предградието Бвари во главниот град Абуџа, недалеку од домот на шесте сестри кои минатиот месец беа киднапирани за откуп заедно со нивниот татко. Една од девојките била застрелано поради доцнење со плаќањето на откупот.

На друго место, неодамна беа киднапирани две девојчиња во областа Чикакорие во Кубва, друго предградие на Абуџа. Нивните грабнувачи побарале околу 25.000 долари за нивно ослободување.

Киднапирањето за откуп се влоши во Нигерија во последниве години со вооружени банди насочени кон патници, студенти, како и жители во руралните и урбаните области низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот