Во немирите во Даблин уапсени 34 луѓе

Протести во Даблин / Фото EPA-EFE/MOSTAFA DARWISH

Началникот на ирската полиција денеска соопшти дека 34 лица се уапсени поради синоќешните немири во Даблин предизвикани од напад со нож во кој беа повредени пет лица, меѓу кои три деца.

„Имаме вкупно 34 апсења, од кои 32 ќе бидат изведени утрово“, рече Дру Харис на прес-конференција.

Тој додаде дека во судирите еден полицаец е тешко повреден.

Доставувач на храна е херој во Даблин: Со својот шлем го совладал напаѓачот кој со нож рани петмина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот