Во НБА лигата се одигра натпревар каков што немало осум години

Фото: Philadelphia 76ers

НБА посебно во последните години важи за првенство каде што одбраните се во втор план со цел да се понуди што повеќе атрактивна игра за гледачите, а изминатата вечер беше одигран меч каков што во најсилната кошаркарска лига не е виден осум години.

Тимовите ставаат акцент на нападот, не се посветува премногу внимание на дефанзивата, но така не беше на вчерашниот дуел помеѓу Њујорк Никс и Филаделфија.

Натпреварот во „Медисон Сквер Гарден“ заврши со победа на гостинскиот тим со резултат 73:79 и ова беше прв натпревар уште од 2016 година на кој ниту еден од двата тима не постигнал 80 поени.

ВИДЕО | Дејвис испиша историја, Лејкерс подобри од Минесота

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот