Во нападите врз Појасот Газа досега уништени повеќе од 40 000 домови

Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Копнените, поморските и воздушните напади на Израел врз Појасот Газа, кои следеа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, предизвикаа уништување во областа каква што досега не е видена. Според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања во нападите врз Газа, најмалку 45 отсто од станбените згради се уништени или оштетени.

Се проценува дека се уништени повеќе од 40.000 домови, а оштетени околу 222.000.

Според Канцеларијата на ОН, оштетени се 279 образовни објекти, што е повеќе од 51 отсто од вкупниот број образовни објекти во Појасот Газа. Поради нападот на израелските сили, ниту еден од 625.000 ученици и студенти не може да се образува во нормални услови. Истовремено, повеќе од половина од болниците и речиси две третини од здравствените домови не работат.

Сите 13 болници лоцирани во градот Газа и на северот на Појасот добија наредба за итна евакуација од израелската армија. Канцеларијата на ОН истакнува дека потрошувачката на вода е намалена за 90 отсто од почетокот на војната и додава дека се забележани големи протекувања од главниот цевковод меѓу Кан Јунис и египетскиот град Рафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот