Во Молдавија отворена истрага против гувернерката на областа Гагаузија

Истрага против гувернерката на молдовска област Евгенија Гуцул/Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија.

Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион. Има затегнати односи со централната влада во Кишињев, која стравува дека Русија и прогонетите олигарси се мешаат во политичкиот живот на земјата.

Гуцул е обвинета дека од 2019 до 2022 година насочувала средства од Русија за финансирање на сега забранетата проруска партија Шор, основана од Илан Шор, прогонет проруски бизнисмен, осуден за измама во Молдавија.

Според обвинителството, „Гуцул активно учествувала во систематското внесување на непријавени финансиски средства во Република Молдавија, кои биле примени од организирана криминална група, пред сè од Руската Федерација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот