Во Минск пристигнаа рускиот министер за одбрана и 300 падобранци

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Во воената вежба „Словенско братство 2020″ во Белорусија учествуваат и 300 руски падобранци, а во Минск пристигна и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

И покрај тоа што Русија најави дека нема да се меша во внатрешните работи на Белорусија испрати 300 падобранци. Воената вежба почна на 14 септември, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека падобранците ќе се вратат во Русија по завршувањето на воената вежба.

Воената вежба се одржува кога секојдневно во Белорусија се одржуваат антивладини протести.

Во октомври во Белорусија треба да се одржат воени вежби со учество на Русија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот