Во лудо прво полувреме, Атлетико и Севиља ги поделија бодовите (ВИДЕО)

твитер

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Севиља одиграа 2:2 во дербито на 27. коло од Ла Лига.

Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а судијата мораше два пати да се консултира во ВАР технологијата пред да досуди два пенали, по еден за двете екипи.

Гостите поведоа пред Лук де Јонг во 19 минута, за домашните фудбалери во финишот од првиот дел да се разбудат и да дојдат до пресврт.

Прво Алваро Мората од пенал израмни на 1:1, а потоа и Жоао Феликс му донесе водство на домашниот тим. Конечниот резултат беше постигнат во 43. минута откако Лукас Окампос го реализира ударот од белата точка.

По ремито, Севилја остана со два бода предност во однос на Атлетико, во трката за место на табелата кое носи во ЛШ во следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот