Во Куманово три избирачки места не се отворени навреме, не функционирале уредите за идентификација

Претседателски избори 2024/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Поради нефункционалност на биометриските уреди за идентификација, две избирачки места во Куманово не се отворени навреме, а на едно место изгубен е печатот.

Како што соопштија од ОИК Куманово, утрово во 7 отворени беа 164 од вкупно 167 избирачки места.

-Избирачкото место 1075 не беше отворено од причина што УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа, и покрај сите обиди да се донесат нови. Исто така и за избирачкото место 1100, додека во избирачкото место 1090, изгубен е печатот. На овие места според моите информации не е продолжено гласањето во текот на денот. Се чекаше одлуката на ДИК за прекин на гласањето и гласањето ќе биде повторено, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.

Во однос на останатите места немало некоја посебна забелешка освен за УБИГ апаратите.

-На гласачките места нема забелешки обично кога УБИГ апаратот кога не го регистрира фингерпринтот, но постои начин да се гласа со лична карта доколку избирачот си е запишан во избирачкиот список, си го остварува правото на глас, изјави Стојковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот