Во Куманово, Липково и Старо Нагоричанe над 200 луѓе во изолација

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане според евиденцијата на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица, додека 40 лица потпишале изјави за самоизолација, информираше денеска кумановската полиција.

– Поднесени се 18 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и сите лица редовно се контролираат од страна на полициски службеници од СВР Куманово-соопштија од СВР Куманово.

Последнава недела расте бројот на тестирања и зголемен е бројот на заразени од коронавирус на подрачјето на Куманово. Според последните податоци од денеска на Министерството за здравство во Куманово евидентирани се нови 40 лица, а оздравени се 18. Од почетокот на пандемијата во Куманово евидентирани се 13.388, а во моментов активни се 259 случаи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот