Во Ирска предложено чистиот воздух да биде со закон загарантирано работничко право

канцеларија
Работен простор / Фото: Архива на Слободен печат

Парламентарецот од левичарската партија Луѓето пред профит, Пол Марфи , започна процедура со која правото на чист воздух ќе биде со закон обезбедено работничко право.

Пандемијата со коронавирусот ги натера властите на многу држави да се позанимаваат со квалитетот на воздухот. Тоа се случи и во Ирска, а е дел од борбата против пандемијатаво училиштата и на работните места.

-За жал ирската влада како и владите на многу други земји не работат доволно на прашањето за квалитетот на воздухот во внатрешниот простор. Не се инсистира да имапроветрување, да има монитори кои ќе покажуваат колкава е колицината на јаглерод диоксид, да има системи за филтрирање на воздухот, вели Марфи.

Тој смета дека ова може да се промени ако се усвои закон со кој ќе стане задолжително сѐ од претходно наведеното. Според него, за разлика од европските држави, некои азиски земји не го занемарија овој проблем во екот на пандемијата. Тој оценува дека тоа е последица од нивното искуство со други епидемии на вируси, пренесува Јуроњуз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот