Во Гватемала запленети над 500 килограми кокаин

Полицијата во Гватемала откри и заплени 525 килограми кокаин. Дрогата била скриена во контејнер што пристигнал од Костарика и бил оставен во бродска компанија.

Властите соопштија дека се пронајдени уште шест сомнителни контејнери. Сè уште никој не е уапсен.

Меѓународните картели ја користат Централна Америка за транспорт на дрога во Мексико и во САД.

Во Гватемала минатата година запленети се над три тони кокаин, што е двојно помалку во споредба со 2022 година.

Според Вашингтон, 90 проценти од кокаинот што влегува на територијата на САД се транспортира со авиони, чамци и подморници преку Мексико и Централна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот