Во Грција денес беше измерена температура над 47 Целзиусови степени

Температурата во грчкиот регион Централна Македонија денеска надмина 47 Целзиусови степени, објави метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина.

Во Грција денеска беа измерени температури од над 40 Целзиусови степени во дури 205 области. Најтопло беше во Лагадас, каде беа измерени 47,1 степени.

Табелата за температура, објавена од Метео Гр, покажува дури осум области, во кои најниската температура е 45,3 степени Целзиусови.

„Да избегаме од пеколот“

Грција се уште се бори со масовни пожари. Огромен пожар ги зафати предградијата на Атина, а луѓето почнаа да ги напуштаат своите домови.

Пожарникарите во Грција не можеа да го спречат џиновскиот пожар што се приближи до северните предградија на Атина во вторникот, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство.

„Оставете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија.

Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина. Жителите на погодените села во паника ги напуштија своите домови.

„Да избегаме од пеколот“, викна жител од неговиот автомобил на ТВ -репортерот.

Пожарот брзо се прошири од блиските шуми во населени места, рече гувернерот на регионот Јоргос Патулис, повикувајќи ги сите жители веднаш да ја напуштат областа.


Пожарникарите се борат и со пожари во други делови на земјата

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за толку големи пожари како голем топлотен бран што ја погоди Грција, кој не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 степени Целзиусови.

Во другите делови на Грција, пожарникарите се борат со големиот пожар на островот Родос, принудувајќи ги жителите на неколку општини да бидат принудени да избегаат.

Властите ја предупредија јавноста дека ризикот од пожар ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот удар, бидејќи има голема суша и метеоролозите најавија силен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот