Во Гана усвоен предлог-закон со кој станува нелегално идентификувањето како ЛГБТИ лице

Гана знаме / Фото Xose Bouzas / AFP / Profimedia

Парламентот на Гана усвои нов предлог-закон со кој се наложува затворска казна до три години за секој кој се идентификува како ЛГБТИ, јавува Би-Би-Си.

Исто така, ќе се воведе максимална затворска казна од пет години за формирање или финансирање ЛГБТИ групи. Пратениците ги блокираа обидите за замена на затворските казни со општествено корисна работа и советување.

Тоа е најновиот знак за растечко сузбивање на правата на ЛГБТИ заедницата во конзервативната западноафриканска нација.

Нацрт-законот, кој беше поддржан од двете главни политички партии во Гана, ќе стапи на сила само ако претседателот Нана Акуфо-Адо го потпише како закон. Тој претходно рече дека ќе го направи тоа доколку мнозинството жители на Гана го сакаат тоа.

Хомосексуалните односи се веќе забранети во Гана, а казната за тоа е три години затвор.

Минатиот месец, Амнести интернешнал предупреди дека предлог-законот „претставува значителна закана за основните права и слободи“ на ЛГБТИ луѓето. Активистите стравуваат дека сега ќе започне лов на вештерки против членовите на ЛГБТИ заедницата и оние кои се борат за нивните права и велат дека тоа ќе принуди некои да се кријат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот