Во Европа сè повеќе се користат онлајн предавања

Онлајн настава / Фото: EPA-EFE/BOUGIOTIS VANGELIS

Во земјите на Европската унија (ЕУ) минатата година има забележителен пораст на онлајн образовните курсеви, па така 30 отсто од корисниците на интернетот во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години следеле онлајн курсеви или користеле онлајн материјали за учење, што е два процентни поени повеќе во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат.

Од сите членки на Европската унија, Холандија имаше најголем удел (54 проценти) од интернет-корисниците кои се образовани преку Интернет, потоа Финска (53 проценти), Шведска (48 проценти), Шпанија (47 проценти) и Естонија (45 проценти).

За разлика од тие земји, онлајн образованието не беше вообичаено во Романија каде што беа забележани само 10 проценти, Кипар (16 проценти), Бугарија и Грција (по 17 проценти) и Полска (18 проценти).

Севкупно, учеството во онлајн образованието во 2023 година е зголемено во споредба со 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.

Процентот на луѓе кои посетуваат курсеви преку Интернет или користат материјали за учење преку Интернет е зголемен во повеќето земји од ЕУ, при што најголем пораст е забележан во Холандија (12 процентни поени), додека падот е забележан во Грција (12 процентни поени), покажуваат податоците на Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот