Во две сообраќајки во охридско повредени 7 лица

Фото: МВР

Во две одделни сообраќајни несреќи што се случија вчера во охридскиот регион повредени се 7 лица кои се згрижени во охридската болница Свети Еразмо и во општата болница.

На магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од с.Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од с.Стрелци, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

По 16 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и с.Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од с.Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот