Во две незгоди повреден велосипедист и патничка во автобус

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Две сообраќајни несреќи се случиле вчера во Скопје, во кои има и повредени. Првата сообраќајка се случила во 10.15 часот на улицата „Ѓорче Петров”, на спојување со ул.„Крсто Раковски”, каде камион управуван од Љ.А.(47) од Берово, удрил во велосипедистот Г.М.(77) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември”.

Два часа подоцна, на булеварот „Јане Сандански”,  во автобус на ЈСП, управуван од И.Б.(52) од Скопје, паднала патничка С.А.(61) од Скопје. С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот