Во Драчево се гради голем парк со кино на отворено

Фото: Општина Кисела Вода

На местото на големата дива депонија во Драчево, на местото викано Дупки, во тек е изградба на парк со кино на отворено. Паркот ќе се простира на 7500 квадратни метри, а во него ќе има детско катче, пешачки патеки, урбана опрема, многу зеленило и дрвца, а просторот ќе биде и целосно осветлен.

Она што можеби е најинтересно е дека тука, во Дупки, започнуваме со изградба на првото кино на отворено во општина Кисела Вода. Посетителите кои тука ќе доаѓаат, ќе имаат и каде да ги остават своите возила, бидејќи во овој комплекс ќе изградиме и паркинг од 900 метри квадратни за 40 автомобили – вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Според него, стратегијата за чиста и зелена Кисела Вода преку трансформација на локалните диви депонии во зелени паркови, веќе ги дава и првите резултати.

 Наместо депонија, во некогашен Оксиген сега има модерен спортско-рекреативен центар кој повторно ги врати жителите во ова, порано за нив култно место. Паркот „Иднина“ на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор исто така е поранешна депонија, а сега прекрасна локација каде често се минува слободното време – потсетува градоначалникот и додава дека се надева дека сето ова ќе влијае и врз свеста на граѓаните и ќе го спречи создавањето нови црни еко точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот