Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, вкупно 228, меѓу нив и тримесечно бебе

Фото: Профимедиа

Од почетокот на пандемијата до сега направени се над 1.100 тестови на сомнителни случаи, позитивни се 228, битката со опасниот вирус ја добиле 152, а ја изгубиле осум пациенти.

Во Дебар во последното деноноќие регистрирано е едно новозаразено лице со Ковид-19 или вкупно 30 случаи во овој месец, додека вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 228 лица.

– Во првата фаза од болеста имавме 51 заразено лице, од нив 47 се излекуваа додека за жал четворица починаа. Во оваа фаза возрасната граница во просек беше над 50 години и повеќето од заболените беа од женскиот пол. Остнатите 177 се во втората фаза, повеќето се од машки пол, а просечната возрасна граница е помала, бидејќи имавме пациенти од помладата популација, меѓу нив и едно тримесечно бебе, изјави за медиумите епидемилогот Метор Меља, раководител на дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

Од почетокот на пандемијата до сега направени се над 1.100 тестови на сомнителни случаи, позитивни се 228, битката со опасниот вирус ја добиле 152, а ја изгубиле осум пациенти.

Активни на болеста се 68, поголемиот процент со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови со посета на матичен лекар, дел се лекуваат амбулантски во Општата болница во Дебар, а само неколку се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

– Апелирам на строго почитување на препораките, одржување на хигиена, физичка дистанца и пред се носење заштитна маска која е најдобрата превентивна заштита од опасниот вирус, порачува Меља.

Според статистичките податоци, пак, на Одделенито за внатрешни работи во Дебар, на подрачјето кое тоа го покрива, во изминатото деноноќие, полициските службеници на 18 лица им издале прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот