Во чест на Пикасо во „Остен“ е поставена изложба од француската уметница Камелија Отеро

Плакат за изложбата во „Остен“

Во галерија „Остен“ е поставена самостојна изложба на слики со наслов „Јас и Пикасо“ од француската уметница Камелија Отеро, која од 25 октомври до 15 ноември изложува заедно со дела од Пикасо од колекцијата на „Остен“. Отворањето на изложбата е на 25 октомври, во 19 часот.

Камелија Отеро досега учествувала на Меѓународното биенале на „Остен“ во 2016 година, каде ја освои наградата „Остен“, а осум од десет дела се класифицирани во нивниот музеј и во различни портфолија, вклучувајќи го Францускиот институт, колекцијата на француски сликари, портфолиото на павилјонот во Венеција.

– Нејзиното патешествие како автодидакт траеше три децении „тајност“ во нејзината работа и без да бара да угодува, храбро и непретенциозно го надмина периодот на големата пресвртница. Соочена со голата форма на почетокот на новиот век, таа ужива во сликарството, цртањето и вајарството, но и означувањето, а со своето возвишено око станува фрескописец, автор на своите неоткриени записи – стои во најавата на нејзината изложба во Скопје.

По 30 години развој, таа се појавува како некласифициран агитатор, но верна на уметноста, а не на уметникот, бидејќи нејзиниот уметник одговара на 20-иот, а не на 21-иот век, посочуваат од „Остен“.

Изложбата „Јас и Пикасо“ од француската уметница Камелија Отеро е поставена во чест на роденденот на славниот сликар Пабло Пикасо (25 октомври 1881 – 8 април 1973).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот