Во бункери во возило на Деве Баир откриени 60 килограми марихуана

Мобилните тимови на Царинската управа  на граничниот премин Деве Баир запленија 60 килограми марихуана, наменета за европскиот пазар. Со ова, како што соопштија од Царинската управа, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со дрога, а вредноста на заплената на нелегалниот пазар се проценува од 240 до 300 илјади евра.

Во попладневните часови на излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Секторот за контрола и истраги, при вршење на царинска контрола на автомобил со романски регистарски ознаки управувано од романски државјани, пронајде опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 60 килограми. Опојната дрога е пронајдена во специјално направени бункери во возилото, каде биле сокриени 64 пакети марихуана, се наведува во соопштение на Царинската управа.

Оттаму информираат дека дрогата и возилото се одземени, а лицата се приведени и предадени на Одделението за истраги за спроведување на понатамошна постапка. До надлежното Основно јавно обвинителство – Куманово против двете лица е поднесена кривична пријава и за истите е одредена мерка притвор.

Од Царината посочуваат дека во текот на минатата година е спречена нелегална трговија на над осум тони дрога и психотропни супстанци, со проценета вредност од 50,3 милиони евра на нелегалниот пазар.

Во 2022 година Царинската управа бележи и двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија во сите категории во однос на 2021 година. Споредено со 2021 година, кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на заплени на: дроги и психотропни супстанци со проценета вредност од над 50 милиони евра, како и заплени на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Рекордна заплена на злато и девизи во вредност од еден милион евра имаше неодамна, во втората половина на декември, информираат од Управата,

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот