Во Боливија запленет над 7 тони кокаин, втора рекордна заплена на дрога

Полицијата во Боливија заплени повеќе од 7,2 тони кокаин, што е втора рекордна заплена на дрога во земјата, со проценета улична вредност од 451 милион долари.

Министерството за внатрешни работи на Боливија соопшти дека дрогата била наменета да се испрати во Белгија.

Акцијата била спроведена во регионот Писих, на границата со Чиле, а дрогата била скриена во два камиони кои превезувале железо во Европа, преку чилеанското пристаниште на Пацификот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот