Во БиХ првпат по шест години е регистрирана појава на беснило

Институтот за здравје и безбедност на храната во Босна и Херцеговина денеска потврди дека во земјата, првпат по шест години, е регистрирана појава на беснило, болест која е смртоносна и за луѓето и за животните.

Со тестирање спроведено кон крајот на мај во референтната државна лабораторија е потврдено дека едно ловечко куче е заразено со беснило и било пронајдено во Сребреница, источна Босна.

Како што е наведено од Институтот, ова е прв ваков случај по шест години, кога во БиХ се појави беснило, а изворот на заразата и тогаш беше куче.

Институтот предупреди дека треба да се преземат мерки за заштита за да се спречи ширењето на болеста.

„Експертите препорачуваат да се спроведе вакцинација за да се избегне можноста за ширење на болеста од диви на домашни животни, а потоа и на луѓе”, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот